Во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска”, започна обновување на водоводната и канализациона мрежа, како и реконструкција на спортската сала, со цел овозможување подобрени услови за средношколците и подобри услови за одржување на часовите по физичко воспитување.

-Старата и небезбедна водоводна и канализациона мрежа после пет денеции е заменета со нова. Исто така, поради зголемениот број на паралелки во новата учебна година адаптирани се и две дополнителни училници, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје во континуитет вложува во образованието за подобри услови и непречена реализација на наставата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2023 15:31