Компанијата Епл денеска објави дека проблемите со прегревање на моделите на Ајфон 15 биле предизвикани од софтверска грешка што се појавува при користење на апликациите Instagram и Uber.
Таа американска компанија од Купертино, Калифорнија, објави дека работи на ажурирање на системот iOS17 што работи на уредите Ајфон 15 за да спречи уредите да не станат непријатно жешки додека работат со тие апликации.
Инстаграм, во сопственост на Мета платформи, претходно оваа недела ја измени апликацијата за социјални медиуми за да спречи прегревање на уредите Ајфон 15