Возачот во Формула 1, Шарл Леклер откри во кој случај би го напуштил тимот на Ферари. Тој во болидот на Скудерија е од 2019 година.

- Гледам на ситуацијата на следниов начин: ако престанам да верувам во проектот, тогаш, можеби, во тој момент ќе заминам. Во овој случај, не можете да го извлечете најдоброто од себе и да му помогнете на тимот колку што е потребно. Но, се разбира, сега не е така. Верувам во проектот како што никогаш порано не сум верувал. Особено откако пристигна Фред [Васер]. Тоа е очигледно. Исто толку е очигледно дека сакам да победам. Убеден сум дека работиме во вистинската насока, изјави Леклер

Ферари се обидува да стане конкурентен на Ред Бул и останатите ривали за врвот во шампионатот. За таа цел на крајот на минатата година е донесен новиот директор Фред Васер кој на функцијата го наследи Матија Биното.

Во Ферари тимски колега во Формула 1 шампионатот на Лекелр е Карлос Сајнц. На шест трки пред крајот на сезоната Сајнц е на 5.место со 150 бодови, Леклер е 6-ти со 135 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2023 20:29