Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ чии 12 македонски родољубиви песни во ново руво се изведуваат низ голем број градови утре, четврток доаѓа во Тетово, информираат организаторите. Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.

-„Македонијо во срце те носиме" е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното - нашата земја и нејзиното наследство, информираат од организацијата.

На репертоарот и во градот под Шара ќе се најдат сите 12 песни од проектот.

-„Заветна", „Налеј, налеј", „Народе македонски", „Едно име имаме", „Земјо македонска", „Ој, Вардаре", „Оган да го гори", „Послушајте патриоти", „Ми заплакало село Ваташа"... и овој пат ќе бидат отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски, информираат од организацијата на настанот.

Досега карванот помина во Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани, а по Тетово остануваат Кавадарци и Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2023 17:36