Натприродниот свет на „Хари Потер“ ќе се најде на нова серија поштенски марки во Велика Британија. Тоа, откако британската Кралска пошта одлучи на овој начин да му оддаде посебна почит на познатото книжевно-филмско дело од писателката Џ.К. Роулинг.

- Приказните и филмовите за Хари Потер станаа современи класици ширум светот. Повеќе од две десетлетија, ликовите од серијата „Хари Потер“ нѐ освојуваат и нѐ одржуваат маѓепсани. Секоја маркица е минијатурно ремек-дело, соодветно за почит и одбележување на кулминацијата со битката кај Хогвортс, изјави одговорниот за односи со јавноста во Поштата, Дејвид Голд.

Поштенските марки ќе бидат пуштени во продажба на 19 октомври.

Кралската пошта ќе издаде 16 специјални поштенски марки, од кои 10 со ликовите Хари Потер, Хермиона Грејнџер, лордот Волдеморт и други. А пак, шест марки ќе прикажуваат суштества од тој волшебен свет. И фонтот на буквите е сличен со оној што го обележа филмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2023 14:45