Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска дека сениорската репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе одигра во претстојните месеци четири пријателски натпревари против Грција.

Првите два контролни дуели против Грција избраниците на Лазаров ќе ги одиграат на гостински терен на 3 и 4 ноември.

Во рамки на завршните подготовки пред учеството на Европското првенство 2024 во Германија, македонските ракометари ќе одиграат уште два контролни натпревари против грчката селекција на 4 и 5 јануари во Скопје.

Македонските ракометари на ЕУРО2024 ќе играат во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2023 03:13