- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП Водовод и канализација – Скопје.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.10.2023 до 06.10.2023 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведуваат од ЈП Водовод и канализација - Скопје.