Со изложување на целосната слатка и солена програма, Витаминка и оваа година се претставува пред светската јавност на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга којшто се одржува во Келн, Германија. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да се запознаат и да ги пробаат производите на компанијата, посебно новитетите кои веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Ануга е центарот на сите значајни произведувачи на храна и пијалаци и новите трендови и иновации на производи се од особен интерес. И самото учеството заедно со други производители од светски ранг е потврда за успешноста на Витаминка надвор од македонските граници и говори дека сте реномирано и значајно име во индустријата со храна. Ова секако отвора нови можности за деловни соработки, за нови пазари и проширување на присуството на брендовите на Витаминка“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани. Оваа година изложуваат околу 7 800 изложувачи од 118 земји од целиот свет кои се инспирираат од најголемиот избор производи и бараат можност за својот производ



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 06:21