По повод утрешниот државен празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП - Скопје.

Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот, таа во Транспортен центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП потсетуваат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, а од 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно, 17:45 часот последно возење од горе надолу.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 15:59