Нетфликс ја објави црната комедија „Гроф“ (El Conde) на чилеанскиот режисер Пабло Ларaин. Во филмот, диктаторот Августо Пиноче е претставен како вампир од ерата на Барокот, кој сè уште е жив, но самиот решава да умре.

Ова е всушност четврти филм на Ларaин за Пиноче - по „Тони Манеро“, „Пост мортем“ и „Не“, но официјално не се смета за дел од таа трилогија. Во „Гроф“ дејството е префрлено во „царството на натприродното“. Пиноче тука е вампир, Французин кој живеел уште пред Француската револуција.

Пиноче (го глуми Хаиме Вадел) е жив и се крие во тајна куќа, но веќе умира - тажен за тоа како испаднало сѐ во животот...

Занимливо е тоа што филмот го има истото име како комедијата на Чарли Чаплин - „Грофот“ (1916), но всушност, на некој начин го следи стилот на друга сатира - „Големиот диктатор“ (1940). Просечната оценка за новиот филм на ИМДБ засега е 6,5 /10, од вкупно над 5.300 гледачи кои го оцениле филмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2023 06:13