Ракометарите на Тиквеш вчеравечер го победија тимот на Кремс од Австрија со 33:29 во првиот натпревар од втората рунда во Европскиот куп.

Бодрени од бучните домашни навивачи, кавадарчани во текот на натпреварот имаа и седум голови предност, но на крајот мораа да се задоволат со плус четири.

Најзаслужен за победата на Тиквеш беше Обина Ани кој постигна десет гола.

За тимот од Кавадарци ова воедно е и прва победа во европските натпреварувања по пауза од 13 години.

Реваншот во Австрија ќе се игра во сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2023 17:59