- Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024.

Левиот бек на „црвено-жолтите“ во неделата постигна осум гола во победата над Литванија на гостински терен без ниту едно промашување, а во првото коло беше реализатор на седум гола во победата над Азербејџан.

Покрај Седлоска во тимот на Европската ракометна федерација се најдоа уште и: Ана Кристенсен (Данска) голманка, Клое Валентини (Франција) левото крило, Кристина Ласло (Романија) средниот бек, Теа Стурлудотир (Исланд) десниот бек, Алисија Тублон (Франција) десното крило и Вилде Ингштад (Норвешка) пивот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2023 00:12