Мадона почна со турнејата „Celebration“ во Лондон, Велика Британија, по повод 40 години на сцената. Тоа, по одложувањето на настапите поради болеста што се јави кај поп-пејачката.

Пејачката, која во август наполни 65 години, излезе на сцената во „О-2 арената“, во саботата, на долгоочекуваниот почеток на нејзината нова светска турнеја. Таа за време на настапот се осврна и на нејзините здравствени проблеми, нагласувајќи дека тоа била „луда година“ за неа.

Мадона денеска повторно настапува во Лондон. Следат концерти во Белгија, Германија, Франција, Бразил, Италија, Канада, САД итн.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2023 01:50