Американскиот глумец Бeрт Јанг кој го толкуваше Поли во шест филма од серијалот „Роки“, почина на 84-годишна возраст. Тој починал на 8 октомври, но светските медиуми за тоа објавија синоќа.
- Берт беше актер со огромен емотивен опсег. Можеше и да те расплаче или да те преплаши до смрт, изјави менаџерката на Јанг, Линда Бенски, за „Пипл“ (People).
Јанг беше номиниран за „Оскар“ за споредна улога во првиот филм за боксерот Роки во 1976 година, кога глумеше покрај Силвестер Сталоне. Според семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, има уште осум други номинации и седум награди, меѓу коишто и Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Хобокен, Њу Џерси, САД.
Берт Јанг глумеше во повеќе од 160 филмови и TB-серии.