Скопскиот прволигаш Вардар 1961 побара денеска од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да го одложи претстојното дерби против шампионот Еурофарм Пелистер поради неповолна здравствена состојба во тимот, повеќето играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза.
-Заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар, се наведува во клупското соопштение на Вардар 1961.
Скопскиот прволигаш посочи дека сака да се изнајде заедничко решение за новонастаната здравствена состојба во клубот во „интерес на регуларноста на првенството, фер-плејот и спортското џентлменство“.
-Во овој момент, би сакале да побараме официјално одложување на натпреварот од 8. коло во Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, стои во клупското соопштение.