- Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите.
Како што соопштуваат од Општината деновиве почнала изградбата на видиковец во Бунарџик, со поставување на урбана опрема како и просторно и хортикултурно уредување.
Оттаму информирата дека овој проект се реализира заедно со општествено одговорни компании, каде е предвидено изградба на видиковец од бетон, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, осветлување и целиот простор ќе биде хортикултурно уреден.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направил убид во градежните работи при што истакнал дека изградбата се одвива со предвидената динамика, а жителите од Општина Илинден наскоро ќе добијат убаво уреден рекреативен простор.
-Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување на простор, како и поставување на нова урбана опрема, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината, се наведува во соопштението.