Денешниот прес е за тоа што се случува во средното образование во Град Скопје и прекршувањата на законите од страна на Данела Арсовска. Се надеваме дека преку овој прес ќе се сензибилизираат Министерството за образование и наука и другите државни органи за да не бидат само набљудувачи – туку актери и да постапуваат според законските обврски.

Во три средни училишта во Скопје Данела Арсовска носела незаконски решенија и тоа:

На 25.04.2023 година за вршител на должноста раководител во СОУ „Кочо Рацин“ го именувал лицето Т.Б., иако ова лице не е од редовните вработени во ова училиште. Лицето Т.Б. се именува на оваа функција без да го исполни условот – положен испит за директор. Според информациите од јавен карактер од Државниот испитен центар, во ова училиште има 2 професори кои ги исполнуваат условите да бидат директор.

На 23.05.2023 година, Данела Арсовска, во гимназијата 8 Септември, на работно место в.д. директор го именува лицето A. Ч. Лице кое исто така нема уверение за положен испит за директор, ниту уверение за познавање англиски јазик.

Следното училиште во кое Арсовска го прекршува законот е во средното училиште Арсени Јовков. На 18.07.2023 година, градоначалникот на Град Скопје во ова училиште како в.д. го именува лицето Б.З., ова лице не поседува ниту уверение за положен испит за директор, ниту уверение за познавање на англиски јазик. И во ова училиште Арсовска не го зема предвид фактот дека има 4 професори кои ги исполнуваат условите да бидат директор.

Кога институциите не ги почитуваат важечките закони, како да очекуваме обичниот граѓанин воопшто да ги почитуваат? Политичките компромиси на Арсовска некогаш со левицата, а некогаш со десницата, немањето конзистентност и очигледните прекршувања и прават голема штета на нашето општество.

Алијанса за Албанците верува и смета дека нема компромис со правдата и правото. Продолжуваме да бидеме доследни на нашите позиции и сега во позиција како кога бевме во опозиција. Затоа бараме Министерството за образование и наука да постапи согласно законот. Да се врати законитоста во овие училишта со привремено преземање на ингеренциите на градоначалничката на Град Скопје.

Алијанса за Албанците ќе поведе кривична постапка против институцијата и секое лице на раководна позиција, за сите случаи на непостапување од страна на институциите кои произлегуваат од страна на просветниот инспекторат.

За крај, ја бараме поддршката од граѓаните и медиумите. За училиштата што ги споменавме и за наодите имаме информации дека се известени Министерството за образование и наука, Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство. Молкот на надлежните институции е кривично дело. Криминалци се сите оние кои молчат и не постапуваат според законот.

Бараме сите заедно да направиме повеќе, сите да бидеме борци против криминалот, корупцијата и непотизмот. Можеме да победиме во оваа војна само ако сме заедно. Ова е единствениот пат кон ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2023 17:45