Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди.

Се истакнува и дека Мадона (65) има продадено повеќе од 400 милиони плочи во текот на нејзината 40-годишна кариера, пренесува „Пипл“ (People). Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе.

На почетокот на овој месец, Мадона ја почна својата турнеја „Celebration“ во лондонската „О2 Арена“. Предвидени се вкупно 78 концерти во Европа, Јужна и Северна Америка до април 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2023 06:15