Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“ денеска во Градскиот парк во Скопје го одржа третото издание на воздухопловно едукативен саем „Skopje Air Fair 2023“.

Овој воздухопловно едукативен саем е под покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството.

Средношколците и студентите кои се дури и со најмал интерес за воздухопловството, денеска во Градскиот парк имаа можност да се запознаат со сите професионални опции во воздухопловството, како и образовниот пат како да станат професионалци.

На Саемот учесници се сите домашни воздухопловни институции, како и регионалните академски воздухопловни институции, каде ги презентираат своите програми.

Свое учество имаат Воздухопловната академија од Белград, Европскиот институт за авијација од Романија, ТАЕ Воздухопловна академија од Грција, Агенцијата за цивилно воздухопловство на РС Македонија, ТАВ Аеродроми, Воздухопловната федерација на Македонија, Аероклуб Скопје, Римин Ер, Аероклуб Штип, Тренинг центарот за пилоти на Балони ,,Мимакс Балон", Воената академија, Хеликоптерска единица при Министерството за внатрешни работи, Ад Вербум, Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Народна техника, Dronbuzz воздухопловни услуги и други.

За потсетување, во претходните изданија на едукативно воздухопловниот саем „Skopje Air Fair“ свое учество имаа Македонска АЦВ, Аероклуб Скопје, ТАВ, Македонска Воена Академија, М-НАВ а.д. на Македонија, Римини Ер и други



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2023 17:05