Во близина на Поликлиниката „Бит-пазар“ во Скопје денеска полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Како што соопшти МВР, на местото се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2023 16:46