Американската глумица Мег Рајан се враќа на големото платно со љубовна комедија што самата ја напиша, режираше и продуцираше.

Дури осум години по нејзиниот последен холивудски филм, ѕвездата на романтичните филмови проговори за „Што се случува подоцна“ (What Happens Later). Нејзин партнер во филмот е Дејвид Духовни. Прикажувањата во американските кина почнуваат овој петок. Последните нејзини филмови беа „Забавната девојка“ и „Итака“ од 2015 година.

- Ми требаше долго време за да направам што било, па само три од овие осум години работев на ова, објасни таа.

Духовни ја пофали работата на Рајан во сите нејзини различни задачи околу филмот.

- Мег ја носи таа одговорност навистина лесно - што е убаво. Никогаш не помислив дека е преоптоварена или под притисок иако убеден сум дека во одредени мигови беше така, додаде глумецот.

На ИМДБ, оние кои ги погледнале претпремиерите, веќе му дале на филмот просечна оцена од 7,9 / 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2023 16:46