Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска заминува за португалскиот град Матосињос каде в четврток против домашната селекција ќе го одигра воведниот натпревар во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов синоќа во СРЦ „Кале“ во Скопје го одработија последниот тренинг во Скопје, а по пристигнувањето во Португалија во план се уште неколку тренинзи.

За дуелот против Португалија, селекторот Ашаданов повика 13 кошаркарки, од кои Нена Трајчевска и Александра Стојановска ќе се приклучат на репрезентацијата по пристигнувањето во Матосињос.

-Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревара. Одработивме два, се обидуваме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. За Матосињос ќе патуваат 11 кошаркарки, а во Португалија ќе нè чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цел да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција, изјави Ашаданов пред заминувањето за Португалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2023 17:29