По повод Денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, македонската атлетска Федерација (АФМ) претстојната недела ќе организира Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“.

„Во чест на 13-ти Ноември, денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1945 година, АФМ во соработка со град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт ќе ја реализира една од најстарите атлетски манифестации на пат – ноќната атлетска трка, со неколку трки за сите љубители на трчањето“, соопшти АФМ.

Предвидени се трки на 1.200 и на 1.400 метри во машка и женска конкуренција во возрасни категории под 16 и под 20 години, како и трка на шест километри во двете конкуренции.

Стартот и целта на трките ќе биде в недела во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2023 19:39