Американскиот глумец Патрик Демпси (57) е најсекси маж за 2023 година, според годинешната анкета и изборот на списанието „Пипл“ (People).

- Ви благодарам, среќен сум што јас сум избран оваа година. Не знам зошто ми требаше толку долго, но - секоја година стануваш сѐ поубав, се пошегува Демпси.

Актерот беше прогласен за годинашен победник на „Шоуто на Џими Кимел“ во живо. Водителот прво му го сокри лицето на глумецот, па публиката погодуваше за кого станува збор, поставувајќи му прашања. Така се дојде до заклучок дека станува збор за маж над 50 години, оженет и со три деца. Кога Кимел конечно откри за кого станува збор, публиката задоволно ликуваше и ракоплекаше.

Глумецот призна и дека неговото семејство било изненадено што познатото списание го избра него за најсекси маж во 2023 година. Пред него титулата ја освои Крис Еванс.

Инаку, Патрик Демпси досега има одиграно педесетина улоги, а најпознат е по ТВ-сапуницата „Вовед во анатомија“ каде што го глумеше неврохирургот д-р Дерек Шепард. Од 1987 до 1994 година беше во брак со Роки Паркер, а во 1999 година се ожени со шминкерката Џилијан Финк, со која има три деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2023 10:36