Акциите на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ по осум денови раст денеска достигнаа рекордни 360,53 долара по акција.

Вредноста на акциите на „Мајкрософт“ за 24 часа се зголеми за 1,12 проценти, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува око 2,68 билиони долара.

Компанија „Опен АИ“, стратешки партнер на „Мајкрософт“ во областа на вештачката интелигенција на конференцијата во Сан Франциско пред два дена најави низа ажурирање на своите производи, како и овозможување на корисниците на сопствени верзии на четбот.

„Мајкрософт“ вложи 13 милијарди долари во „Опен АИ“ и со тоа стекна ексклузивна лиценца за јазичкиот модел ГПТ-4.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2023 19:23