Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид денес ги пушти во продажба билети за натпреварот со Бјерингбро-Силкеборг кој ќе се игра во рамките на третото коло од Европската лига на EHF.

Продажбата на билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и Бјерингбро- Силкеборг ќе биде преку продажната мрежа на MKTickets.

Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари.

Мечот е закажан за 14 ноември со почеток од 18:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2023 20:36