– Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов ги повтори амбициите, да се победи барем на еден натпревар во новиот квалификациски циклус.
Во првото коло од групата Г македонските кошаркарки ќе гостуваат на Португалија.
- Целта останува иста како и на претходните квалификации, а тоа е да се добијат некои натпревари. Веќе на првиот меч со Португалија, на гости, ќе ја бараме и првата победа. Искрено се надевам дека во овие квалификации ќе ја немаме турбулентноста во составот како низ претходните. Односно дека на сите шест натпревари ќе настапиме во полн состав, изјави Ашаданов.
Натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2025 ќе се игра во Матошинос утревечер од 21 часот и 30 минути.
Во групата се и селекциите на Србија и на Украина.