Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со Вишиот директор на НДИ Роберт Скот Хајзлет.

За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

СРЕДБА СО ВИШИОТ ДИРЕКТОР НА НДИ РОБЕРТ СКОТ ХАЈЗЛЕТ. Денес имавме средба со Роберт Скот Хајзлет, виш директор на НДИ (National Democratic Institute) со кој разговаравме за можностите за воспоставување на идна заедничка соработка преку реализација на проекти.

На средбата директорот Скот го запознав со работата на општина Гази Баба во повеќе области, а со посебен фокус на реализација на проектите од областа на еднаквите можности за жените и мажите. За мене како градоначалник на општина Гази Баба оваа средба преставува почеток на реализација на голем број заеднички проекти во иднина, а посебен е придизвикот да се соработува со Националниот демкратски институт кој потекнува од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Изминатиот период општина Гази Баба со НДИ соработуваше во реализација на проектите за Унапредување на родовната еднаквост, а ќе се вклучиме и во проектот Зајакнување на капацитетите на локално ниво. Со задоволство можам да најавам дека Националниот демократски институт и општина Гази Баба ќе започнат со реализација на нов проект кој е особено важен, а тоа е Анти - корупција на локално ниво. Националниот демократски институт во својата визија се залага за свет во кој преовладуваат демократијата и слободата, со достоинство за сите. Општина Гази Баба како одговорна локална самоуправа е отворена за соработка со цел реализација на проекти со сите домашни и меѓународни организации. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2023 19:09