Следната, втора сезона на „Куќа на змејот“ (House of the Dragon) ќе почне да се прикажува на почетокот на летото 2024 година, потврди „Ејч-би-о“.
Раководителот на ТВ-мрежата - Кејси Блојс во Њујорк го најави продолжението со првиот трејлер за новите епизоди.
Приказната во „Куќа на змејот“ е сместена 200 години пред првичната во ТВ-серијата „Игра на престолите“ (заснована на низата книги на Џорџ Р.Р. Мартин) и ги следи настаните по обединувањето на Седумте кралства