Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27).

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки три поени (42-45) во 28 минута.

Најефикасна во македонските редови беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 кошеви, а поен помалку постигна натурализираната Американка Мерит Хемпе.

Во воведниот натпревар во рамки на квалификациската група Ц, Србија со убедливи 82-40 ја совлада Украина.

Македонските кошаркарки во второто коло, кое е на програмата в недела, ќе играат против Србија на домашен терен.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2023 09:02