Јас сум убеден дека очекувам следните избори ДУИ да биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе и даде шанса на така наречената албанска опозиција.
- Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал. Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека треба да им се даде шанса на ДУИ да поминат во опозиција одреден период да се освежи со нови идеи, бидејќи сега се конфузни и испраќаат лоша порака.
- Гледате како од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре. Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра, изјави Мицкоски.