„Извештајот од ЕК е праведен и е одраз на реалноста и е најлош досега што некогаш Македонија го добила. Ова не е состојба која е само една гола политичка реторика туку е факт затоа што добивме ние изјави и од страна на поранешни министри и функционери од редовите на СДСМ кои потврдија дека во претходните извештаи од претходните години кои како политичка партија ги критикувавме имаше еден дел каде се велеше слаб напредок, одреден напредок, дека во некои сфери има можеби минимално но сепак беше наведено како помрднување“, изјави членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Таа продолжи и додаде дека во овогодинешниот извештај според нејзе има два клучни збора а тоа е дека нема напредок на Македонија и сериозната загриженост од страна на ЕУ.

„Оваа година извештајот на ЕК има два клучни збора, првиот збор е нема напредок што е еквивалентно на Македонија – стагнира и втората реченица која навистина предизвика големи размисли кои треба да ги има Владата тоа е дека состојбите во Македонија за ЕУ претставуваат сериозна загриженост и тоа во дипломатски речник е навистина една сериозна критика“, кажа Митева.

Таа истакна дека со извештајот Македонија има една голема нула.

„Имаме една голема нула што е пораз за сите нас пред се како граѓани на Македонија затоа што го зборуваме и живееме тоа, а сега го добиваме и како потврда и верувам дека единствениот излез од една ваква состојба која е катастрофална треба да се промени на следните избори и за истото граѓаните да одлучат мудро и онака како што треба да дојдат промени да донесат подобри извештаи и подобра реалност во Македонија“, посочи Митева.

Таа е децидна дека во Македонија има поларизација затоа што според СДСМ опозицијата и сите останати партии кои не се од власта без никаков аргумент и дебата треба да ги поддржуваат нивните предлог закони.

„Факт е дека во извештајот во делот на Собранието има реторика која вели дека е зголемена поларизацијата и не постои политички консензус за важни работи. Тука треба да се отвори една дебата што претставува политички консензус затоа што според она што СДСМ го лиферува во јавноста за нив политички консензус е опозицијата и сите останати партии кои не се од власта немо без никаков аргумент и дебата да ги поддржуваат нивните предлог закони што претставува малце чуден феномен затоа што за политички консензус и политички дијалог потребни се две страни“, заклучи Митева.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2023 06:50