Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс кој годинава влезе во својата 21 сезоната во НБА лигата, ќе отвори сопствен музеј во родниот град Акрон, во американската сојузна држава Охајо.

Посетителите на „Семејната Фондација Леброн Џејмс“ (Lebron James Family Foundation) ќе имаат можност да видат разновидни предмети од неговата богата кариера, меѓу кои и оригиналната драфт табела од 2003 година кога Џејмс беше избран како прв „пик“ од НБА-лигашот Кливленд.

Музејот ќе биде отворен на 25 ноември, а влезницата ќе чини 23 долари, бројка која Џејмс ја носеше на дресот во поголемиот дел од својата кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2023 07:44