Македонската женска кошаркарска репрезентација, вечерва од ја пречекува Србија. Ова е натпревар од 2. коло во квалификациите за Евробаскет 2025 година.
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе се соочат со еден од најдобрите европски селекции во изминатата деценија.
Една од најискусните кошаркарки во македонскиот состав, Нена Трајчевска, очекува многу тежок натпревар.
- Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква екипа имаат Србија и каде рангираат во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив. Тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари, истакна Трајчевска.
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 18 часот.