- Македонскиот женски ракометен шампион, Ѓорче Петров попладнево забележа убедлива победа со 46:39 на гостински терен против белгиски Јупен во првиот натпревар од 1/16финалната пресметка во ЕХФ купот.

Извонредно ефикасно одиграа македонските ракометаки постигнувајќи по 23 гола во двете полувремиња. Најефикасни во победничката екипа беа Анастасија Николовска со 11 и Ана Марија Коларовска со 10 голови.

На голот со 10 одбрани се истакна Слободанка Кическа

Реваншот ќе се игра следниот викенд во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2023 19:33