Извештајот на ЕК за Македонија е одраз на реалноста и од таа дефиниција, колку и време да помине нема да се промени, затоа што извештај кој е досега најлош. Во клучните фундаменти, темели на ЕУ да немаме апсолутно никаков напредок и тоа да е едната дефиниција која неколку пати се повторува, а втората да е дека состојбите во Македонија претставуваат сериозна загриженост за ЕУ е една реторика која во дипломатијата е сериозна, изјави Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Таа истакна дека колку е лош извештајот покажува Парламентарниот институт на Собранието каде има најниска оценка од 2009 досега.
- Парламентарниот институт на Собранието излезе со резиме за извештаите од 2009 до 2023 година каде буквално имаме најлоша оценка просечна 1,52 и е полоша од оценката во 2016, 2015, 2014 кои ги спомена пратеничката Колева, години за кои велеа дека се режим и дека ќе го променат тоа и ќе донесат правда под мотото „нема правда нема мир“, а најглавните забелешки се во делот на правосудството, во борбата со корупцијата и високата корупција и во делот на слобода на изразување јасно се потврдува дека нема подобрување, потенцираше Митева.
Митева појасни дека студијата на Парламентарниот институт не ги врши групирањата на оценките по кластерите, не се нафаќа во делот ан структурата ниту на политичкиот дел туку ја сумира оценката за остварен напредок во поглавјата кои Македонија треба да ги има.
Митева обраќајќи се кон пратеничката од СДС, Даниела Колева, укажа дека власта се обидува да манипулира бидејќи извештајот се чита од почеток до крај, а не само почетна реченица.
- Велите дека има добри критики и тука се гледа манипулацијата бидејќи токму во делот за јавната администрација ако се оди малку подолу две реченици ќе видите дека вели „ако пред 5 години започна реформа за јавната администрација, сепак властите не донесоа законски решенија за усогласување истата кои се однесуваат на регулација со човечките ресурси итн“. Не ги читајте само првичните општи реченици, треба да ја најдеме суштината се чита од почеток до крај, изјави Митева.
Митева нагласи дека слушаме од власта дека имало напредок во 80 проценти кои никој не може да ги најде.
- Мислат дека граѓаните не го разбираат тоа и ако кажат дека има напредок во 80 проценти сите ќе поверуваат и дека опозицијата е таа која измислува. Јас не се радувам на ваков извештај, сметам дека требаше да разговараме како да го подобриме, рече Митева.