Како во најмрачните години на комунизмот, власта осуди пратеник за искажан став, состојбата е полоша со секој поминат ден.

Судството под контрола на власта го осуди пратеникот Бране Петрушевски за искажан збор од собраниска говорница.

Власта ја множи со нула слободата на говор, Уставот и човековите права.

Пресудата за Петрушевски доаѓа во време кога Извештајот на ЕК за Македонија констатира криминал и корупција во системот. А токму оваа пресуда е доказ за трулоста на истиот.

Слободата на говор е неприкосновена, судење за искажан став, како вербален деликт е одлика на едно време кое модерна Европа одамна го има напуштено.

Власта која се декларира како европска, во сржта е комунистичка, криминална и корумпирана и го влече системот надолу.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2023 09:12