Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денска во рамките на акцијата Важно е! Од тебе зависат промените во Битола запрашан за пратеникот Бране Петрушевски, кој беше осуден за изречен став на собраниска говорница потенцираше дека судија кој ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој што се чувствува дека бил навреден.

-Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу едноставна работата, неговиот колега кој што се чувствува дека бил навреден е добар судија со тој судија кој што ја изрекува оваа казна претпоставувам и тој наредува, овој испорачува без притоа да се води сметка за Уставот, за имунитетот, пресудите во Стразбур од Судот за човекови права и така натаму, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со случајот со пратеникот Петрушевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ оваа работа ќе ја истера до крај односно се додека овој судија не биде разрешен.

-Како ВМРО-ДПМНЕ овој процес ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако он носи ваква нестручна, антиуставна и антимеѓународното право пресуда тогаш можете да замислете уште колку нарачки може да добие по нечија наредба и колку нарачки може тој да досуди, додаде Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2023 22:49