Ковачевски, СДС и ДУИ ја заглавија Македонија во долгови, трошат милијарди и не водат грижа за државата, така може да се опишат сите буџети од 2018 година до денес, па и тој кој го најавуваат за 2024 година.
Среќа е што СДС и ДУИ нема да бидат власт во 2024 година, а Ковачевски нема да биде премиер. Па парите на граѓаните нема да се трошат без одговорност.
Буџетот за 2024 година е за 2 милијарди евра поголем од тој во 2018 година, кој беше прв буџет кој го креираа СДС и ДУИ. 2 милијарди евра повеќе за 6 години, а во Македонија ништо се нема сменето, нема нови инвестиции, нема нови проекти, народот е се посиромашен.
Во продолжение се буџетите и нивната висина од 2018 година до денес:
Буџет за 2018 година
· 2018 – 210.536.000.000 денари ( 3.423.349.593 евра )
Буџет 2019 година
· 2019 – 228.251.000.000 денари ( 3.711.398.373 евра )
Буџет 2020 година
· 2020 – 252.838.000.000 денари ( 4.111.186.991 евра )
Буџет 2021 година
· 2021 – 268.772.000.000 денари ( 4.370.276.422 евра )
Буџет 2022 година
· 2022 – 272.228.000.000 денари ( 4.420.270.000 евра )
Буџет 2023 година
· 2023 – 324.810.000.000 денари ( 5.268.292.689 евра )
Буџет 2024 година
· 2024 – 343.600.000.000 денари ( 5.500.000.000 евра )
До сега се потрошени 25.3 милијарди евра, и ништо не е направено.
Автопатот Кичево - Охрид тапка во место, Скопје - Блаце само се штанцаат тендери, Железниците се во долгови, Пошта е во долгови, ЈП Македонски Шуми се во долгови, сите државни претпријатија тонат од година во година, а секоја година од буџетот се трошат се повеќе пари.
И додека нема проекти и инвестиции, пари нема ниту за народот, пензионерите штрајкуваат за повисоки пензии, работници за плата, лекарите немаат средства за работа затоа што од Клиниките се крадат милиони, учениците немаат учебници, срамот на власта е огромен.
Прашањето е каде се потрошија 25 милијарди до сега? И на што планираат СДС и ДУИ дека би требало да се потрошат овие 5.5 милијарди во 2024 година?