– НБА лигашот Милвоки потврди денеска дека најмалку два месеци ќе биде без услугите на својот крилен кошаркар Џае Краудер, кому мора да му биде извршен полесен хируршки зафат.

Краудер на натпреварот против Орландо ги повреди препоните, а подоцна лекарските прегледи покажаа дека 33-годишниот кошаркар ќе мора да биде опериран за повредата целосно да се санира.

Во досегашниот дел од сезоната Краудер, заедно со Антетокумпо и Лилард, има најголема минута во Милвоки со просечен ефект по натпревар од 8,1 поени, 3,9 скокови и 1,7 асистенции.

Со шест победи и четири порази Милвоки во моментот е на третото место на таблета во Источната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2023 00:19