Македонскиот шампион МЗТ Скопје попладнево во Златибор загуби од Хелиос со 87:83 на вториот турнир во АБА2-лигата.

Избраниците на тренерот Васко Атанасов не успеаја да се радуваат на победата и покрај тоа што во второто полувреме водеа со 15 поени разлика.

За МЗТ Скопје ова беше втор пораз во третиот натпревар од регионалното кошаркарско натпреварување.

Најефикасни во македонскиот состав беа Војдан Стојановски со 19 и Душан Танасковиќ со 18 поени.

Следниот натпревар МЗТ го игра на 16 ноември со Сутјеска



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2023 04:04