Екипата на ТФТ синоќа ја совлада Цедевита Јуниор со 78:68 во 3.коло на АБА2-лигата.

За македонскиот тим ова беше прва победа сезонава во регионалното кошаркарско натпреварување и сега се изедначи со хрватскиот тим кој исто така има биланс од една победа и два пораза.

Џелани Симонс со 19 и Виктор Ташовски со 13 поени беа најефикасни во победничката екипа.

Од македонските тимови во АБА2-лигата, денес од 15 часот настап ќе има Пелистер против Војводина.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2023 13:10