Лос Анџелес лејкерс во вторникот го повторија клупскиот рекорд по постигнати три поени на натпревар. На средбата против Мемфис (134:107), Калифорнијците погодија 22 удари од зад лакот.
Лејкерс погодија 22 тројки од 35 обиди, односно 62,9 %. Ова е најдобар ефект во историјата на НБА-лигата за тим кој имал 35 или повеќе обиди.
Руи Хачимура го објасни нагло зголемениот процент на шутирање на тимот.
- Сите знаат дека да се игра за Лејкерс е притисок. Затоа, на почетокот, за новите момци во тимот, ваквите удари можат да станат проблем. И самиот го почувствував ова кога му се приклучив на тимот минатата сезона. Но, постепено се навикнувате, па ваквите фрлања стануваат едноставни, изјави Јапонецот.
Пред натпреварот со Мемфис, Лејкерс влегоа во мечот како 29-то рангирани во лигата, шутирајќи 30,4 % за три поени