Судството здружено со власта се обидува да ја замолчи опозицијата.
Судството под диригентска палка на власта осуди пратеник за искажан став, мислење.
Сето ова се случува во период кога власта ги убедува граѓаните дека сме само на чекор до ЕУ, сето ова се случува во перид кога Македонија доби најниска оценка од Европската комисија за сите области, вклучително и слободата на изразување и правото на слободна мисла.
Судството под контрола на власта предводена од СДС и ДУИ го осуди пратеникот Бране Петрушевски за искажан збор и тоа ни помалку ни повеќе кажан од собраниска говорница. Токму од таа собраниска говорница која е место каде во светот се практикува слободата на изразување судството во Македонија под контрола на власта ја помножи со нула слободата на говор. Го помножи со нула Уставот кој ја гарантира истата, ги помножи со нула сите меѓународни документи кои ја гарантираат истата.
Оваа пресуда не е само пресуда за пратеникот, туку е доказ за нефункционалноста на системот која е резултат на неспособноста на власта да води држава.
Власта предводена од СДС и ДУИ само се декларира како европска, а во својата основа е тоталитарна, криминална и корумпирана!