- Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја забележа втората победа во АБА 2 лигата. Аеродромци попладнево убедливо ја совладаа Сутјеска со 93:64 во 4.коло од регионалното натпреварување.
Најефикасни во македонскиот тим беа Војдан Стојановски со 17 и Душан Танасковиќ.
Во поразениот тим се истакна Дејкуан Брејси со 15 постигнати поени.
По четири одиграни натпревари МЗТ Скопје има половичен ефект, две победи и два пораза и во моментов е на четвртото место на табелата.