Најпрвин да се заблагодарам на медиумите што и овде во Струмица се денеска со нас како дел од акцијата практично која што ја спроведуваме речиси веќе два месеци „Важно е! Од тебе зависат промените“. Ќе повторам како многу пати досега што кажав на овие избори кои што за неколку месеци од денеска ќе се случат приоѓаме многу темелно, многу стратешки. Практично сакаме да слушнеме преку една директна интеракција со граѓаните и групи на граѓани што е она што е важно, што е она што тие очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира владата на Македонија за неколку месеци од денес, затоа што не сакаме и ние да бидеме причината еднаква на причините кои што се случуваа изминативе повеќе од 3 децении, а тоа е доаѓаат политичарите даваат ветувања, не ги реализираат тие ветувања. Нереализирањето на тие ветувања подразбира разочарувања, луѓето си заминуваат од Македонија, Македонија се празни. На една држава која што ќе се испразни практично го доведува под знак прашање и нејзиното постоење.
Во оваа пред кампања или во оваа таканаречена акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ сакаме да упатиме порака дека во промената треба да земе учество секој граѓанин. За неколку месеци од денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада, но истовремено сакаме да повикаме на мобилизација, на масовност да застанат заедно со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните затоа што голема победа 61 пратеник ќе значат спроведување на реформи и трансформација на Македонија бидејќи на Македонија не и требаат козметички реформи туку и требаат суштински реформи со кој што ќе се трансформира како држава.
Доста е од циркузанти во политиката, доста е од политички криминалци-измамници, треба конечно да дојдат луѓе кои што имаат јасна визија, стратегија и знаат како. Сакам уште еднашка да потенцирам дека носечки проект на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проектот таканаречен децентрализација на повеќе од 250 милиони евра од централниот буџет кон општините. Истовремено овде од Струмица сакам да упатам порака дека нема како владата на ДУИ и СДСМ да ги двоиме општините, градоначалникот бил од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот бил од СДСМ или ќе бил од БЕСА, Алијанса за Албанците, ДУИ или некој независен. Подеднакво ни е важен секој квадратен метар на територија на Македонија и секаде подеднакво сакаме да инвестираме и ќе инвестираме. Така и случајот во Струмица покрај што тука имаме градоначалник кој што доаѓа од редовите на СДСМ, барем уште тие година и половина до крајот на 2025 година кога и тука очекуваме конечно да има промена на градоначалничкото место во Струмица, но барем во тој момент го повикуваме градоначалникот да прави што е можно повеќе проекти бидејќи во Струмица планираме да инвестираме надвор од буџетот на општината околу 6.5 милиони евра, тоа е 26 милиони евра од буџетот директно за проекти овде во општина Струмица. И затоа еве ја користам оваа прилика од овде од населено место Банско да го повикам градоначалникот да прави проекти бидејќи веднаш после ребалансот односно формирањето на Владата и ребалансот планираме да упатите повик до сите општини во Македонија да достават проекти за да може владата да ги финансира бидејќи луѓето во Македонија имаат суштински проблеми, немаат организирани канализациски системи, немаат водоводни системи, немаат асфалт, многумина немаат ни градинки, ни училишта и тие се потребни и те како многу. Така што ја користам оваа прилика уште еднашка да го повикам градоначалникот на Струмица да работи проекти без разлика што е од СДСМ, ние ќе бидеме влада на сите граѓани во Македонија да ги достави тие проекти и тие проекти да ги финансираме.
Уште еднашка сакам да им се заблагодарам на граѓаните низ Македонија во овие два месеци, навистина стегнавме многу раце, слушнавме многу мислења, слушнавме што им е важно. Денеска ќе слушнеме што е важно овде во Струмица, подготвени сме сакаме да влеземе во една внимателна кампања со внимателни ветувања, без да ветуваме чуда, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни. Сакаме тоа што ќе го ветиме да го испорачаме, а граѓаните да не држат за збор.