Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на струмичкиот регион во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, при што во населено место Банско беше прашан од медиумите за коментар за штрајкот на синдикатот на УПОЗ кој што во знак на револт за неисполнување на нивните барања за покачување на платите и исплата на дополнителните часа, денеска протестираше пред Влада.
Мицкоски посочи дека во државава нема кој не протестира почнувајќи од пензионерите, земјоделците, здравствените работници, пред се поради лошата економска состојба и ниските примања со кои што граѓаните не можат да го врзат месецот, а од друга стана го имаме премиерот Димитар Ковачевски кому му е добро и се погодено и кој додека во Македонија се протестира тој се весели по белградските локали и ги забавува гостите.
„Протестираат земјоделците, протестираат пензионерите, протестираат буквално сите во Македонија, само на еден му е добро, па го гледаме како вчера ги забавува гостите во еден локал во Белград, а тоа е премиерот Ковачевски. Тој си пее, луѓето се мачат, протестираат и резултатот од сето ова, за него, ќе дојде на избори, но она што е важно е дека се што ветија ништо не исполнија“, рече Мицкоски.
Повтори дека по промената на власта, за се тоа што е криминал и корупција ќе има одговорност, а за останатото ВМРО-ДПМНЕ има јасен план, знае што прави и каде треба да ја води Македонија