Кога температурите наесен опаѓаат, греењето се вклучува во сите домови. Многу луѓе го оставаат греењето вклучено и ноќе, додека спијат, па некои стручњаци велат дека тоа може да претставува опасност по здравјето. Следат три од можеби најчестите опасности.

Превисоката топлина може да ви го наруши сонот, па и да предизвика почесто будење среде ноќ, според консултантката за сон, Мериен Тејлор од САД.

- Ако во собата е премногу жешко, нашето тело мора да работи дополнително напорно за да си ја регулира температурата во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабок сон, што е најважниот „обновувачки“ сон, којшто ни овозможува да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден, советува стручњакот.

Идеалната температура за спалната соба ноќе е 15,6 до 20 Целзиусови степени.

- Како второ, ноќната жештина нѐ прави повеќе склони кон болести. На ноздрите им треба течност за да ги задржат вирусите и бактериите и да спречат човекот да се разболи. Повисоката топлина во собата при спиењето ја намалува влагата во ноздрите, што значи поголема ранливост на настинки, грип и инфекции на синусите, појаснува Тејлор.

Греењето, исто така, може да подигне „облаци“ прашина и други алергени коишто може да ги изиритираат синусите.

Истражување на Медицинскиот универзитет во Варшава потврди дека одредени начини за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма.

Што се однесува до влажноста, греењето ноќе може и да ја исуши кожата на личноста која спие во таа соба. Сувата кожа предизвикана од топлина може да значи поголема опасност од појава на состојби како што се псоријаза и егзема. Греењето значи дополнително ниво на стрес во управувањето со сува кожа, што е особено проблематично ако човекот веќе има кожни заболувања. Предупредувачките знаци се оние кога кожата е премногу груба или почнува да се лупи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2023 13:22