Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, објасни како се чувствува околу неизбежните физиолошки промени кои доаѓаат со возраста и објасни зошто не гледа пад во неговата игра.

- Знам дека сега НБА е лига на млади таленти и штом ќе стигнете до одредена возраст, без разлика како играте или како изгледате, секогаш постои чувство кај навивачите дека овој човек старее. Првиот чекор е изгубен во секој случај. Но не за мене.

Секогаш се трудам да го задржам истото ниво како порано. Јасно е дека не станувам помлад. Сè уште се чувствувам добро, што не треба да биде изненадување. Ќе се обидам да останам на ова ниво што е можно подолго, сподели Дурант со колумнистот Двејн Ранкин.

Триесет и петгодишниот Дурант има просек од 30,1 поен, 7 скока и 4,7 асистенции по натпревар со шут од поле 51,4% од поле и 45,5% за тројка.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2023 04:59