Плодниот британски глумец, со улоги во над 200 филмови, ТВ-серии и куси видеа, Џос Акланд почина на 95-годишна возраст. Неговата смрт ја потврди неговото семејство.

Тој е опишан и како „сакан татко“, кој 51 година беше в брак со неговата сопруга Розмари пред таа да почине во 2002 година. Починал „мирно и опкружен со семејството“, велат тие.

Светот го запомни по десетиците филмови од 1980-тите и 90-тите какви што се „Белата пакост“ (White Mischief) и „Прв и последен“ (First and Last), за коишто доби и номинации за најдобар глумец на британските престижни „БАФТА“ награди... Но, Акланд почнал како театарски глумец во родниот Лондон.

Во една прилика, тој изјави и дека се појавува и во некои „ужасни филмови“ затоа што бил зависник од работа. Тој е носител и на Највисокото одличје на Британската Империја за заслуги во науката и уметноста од 2000 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2023 02:39